
Во собата имаше малкумина народ. Доволно за да се пополни, но малку за разговор. Сепак, сите беа непознати. Темата кружеше околу, но никој не сакаше да почне, да ја прифати.
Малку пиење, многу слики, а убави луѓе.
Чадот е неизбежен. А само таа го правеше. Му се смееше нему, а и тој на неа.
Се однесуваше и ладно спрема нему, но тоа, во тој момент и одговараше. Не сакаше да биде лесна девојка. А страствено посакуваше да му се фрли в прегратки. Да ги почувствува неговите раце, слаби и испотени од срам. Така ќе остане. Оваа вечер остана недопрена. Беше ладна и врела. Озборувана и глува. А собата пак беше празна. Со малкумина во неа.
Воздухот го немаше...
No comments:
Post a Comment